ВИДЕО – Институт за тутун: Производствената цена за 1 кг. тутун е околу 180 ден., сегашната откупна цена заедно со субвенциите е исплатлива


Според Научниот институт за тутун од Прилеп производствената цена за еден килограм на тутун чинела околу 180 денари и според нив моменталната откупна цена која ја добиваат тутунарите заедно со субвенциите била солидна и исплатлива. Како поткрепа на ова нивно тврдење велат дека оваа цена е утврдена врз основа на испитувањето за реколта 2022 година, каде сите репроматеријали и горивото биле поскапи за околу 15 до 20% за разлика од сега.

Секој што работи, треба да заработи. Никако не е оправдано да биде тоа една проста репродукција во производството, па дури и во производството на тутун. Сите производители треба да бидат задоволни, сметам дека со оваа цена која е постигната оваа година, а тоа е во моментот 330 денари по килограм тутун, исто така 80 денари се субвенционира бидејќи целата количина на произведен тутун се откупува во прва класа и тоа е 410 денари. При откупувањето на тутунот не се случуваат одбитоци за влага и песок, тоа би било некаде околу 20 денари зголемување на цената по тоа што не се намалуваат овие одбитоци и мислам дека цената ќе дојде до 430-440 денари“, изјави Валентина Пеливаноска, директорка на Научниот институт за тутун.

Од Институтот за тутун велат дека ниту една култура во Македонија не е толку рентабилна во моментов колку тутунот. Годинава намалените количини се должеле пред се на лошите климатски услови. За да во иднина не се исчезне тутунот од нашите ниви требало заеднички договор да постигнат сите фактори.

 Така да мислам дека со свесност, разумност и практичност во размислувањето ние сите заедно можеме да допридонесеме да продолжиме со производството на тутун и да ги бараме само реалните зголемувања на цените, бидејќи не може да се очекува една култура доколку една година дошло до ситуација заради одредени климатски промени да се намали драстично произвдството, да очекуваме дека цената треба да порасне за 100%“, додаде Пеливаноска.

Инаку досега се откупени само околу 6 милиони килограми на тутун или половина од годинешниот род, а откупот оди со многу споро темпо. Од Државниот земјоделски инспекторат бараат откупувачите да ги зголемата цените за побрз откуп и потенцираат дека се потребни итни промени на Законот за тутун.

Па има моменти во Законот за тутун кои се покажаа дека се веќе проблематични, како во класите на тутун, така и во договарањето на цени, начинот на договарање, заштита на тутунарите, нивните права преку тој актуелен Сојуз, можеби треба и друга форма, но за сето тоа треба една поширока дебата на заинтересираните страни“, изјави Јане Станкоски, Директор на државен земјоделски инспекторат.

 За промена на законот ќе се бореле и тутунарите.

Законот во секој случај мора да се смени, тоа е монополистички закон и дискриминаторски закон и секако дека ние ќе го оспориме пред Уставен суд, дека со него е нарушено нашето уставно право за рамноправност според законот. Така да овој Закон сигурно нема да опстои, ќе се бориме до крај да го смениме, да биде во прилог и на нас како тутунопроизводители, но и за откупните фирми“, кажа Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Инаку според сегашниот закон најдоцна до почеток на март треба да започне потпишување на договорите за идната реколта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи