Ќе се градат 4 нови системи за наводнување по течението на Вардар

Facebook
Twitter
Email
Print

Почнува реализацијата на четирите нови системи за наводнување, Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, со кои ќе бидат опфатени 13.000 хектари земјоделско земјиште. Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред денешното потпишување на Договорот со меѓународната консултантска компанија „Consulting engineers Salzgitter“ (ЦЕС), четирите нови системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3.650 хекатри, системот Пепелиште опфаќа 3.000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште  1.500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 5.500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

„Реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство, по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци. Активностите предвидуваат изградба, рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување и изградба на мали хидроцентрали на Лисиче и Конско. Овие системи ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјходелското производство, но ќе ги намалат и економнските загуби“, рече Ковачевски.

Како што напомена Николовски, наводнувањето е еден од основните столбови на владините политки.

„Ова е досега историски најголема Програма или најголема капитална инвестиција во водоснабдувањето во износ кој ќе надмине 100 милиони евра. Четирите системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар, Постојано работиме на моденизација на системите за наводнување, градејќи нови и реконструираји ги постоечките“, рече Николовски.

Германската амбасадорка петра Дрекслер укажа на важноста од борбата со климатските промени.

Договорот потпишан со консултантската компанија „тежи“ 9,1 милиони евра и предвидува изготвување главни проекти за иградба на четирите системи, подготовка на документација, распишување постапка за изградба, надзор и имплементација. Физибилити студиите се веќе изговени, а направена е и проценка на еколошкото влијание на системите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи