ВИДЕО – Светиот крст во Прилеп во Аквапаркот Салида го фати 24 годишниот Влатко Орданоски


На Големиот Богојавленски Водосвет кој што денеска се случи во Аквапаркот „Салида“ во Прилеп, Светиот крст го фати 24 годишниот Влатко Орданоски, кој веќе 2.5 години живее во Германија, но си доаѓал дома за сите поголеми верски празници. Вели дека можеби ова е знак да му се исполни желбата после неколку години да се врати повторно дома.

Јас сум Влатко Орданоски, имам 24 години, доаѓам од Прилеп. Моментално веќе 2.5 години живеам во Германија, редовно си идам за Бадник, Божик, Велигден и Водици нормално. Трет пат се фрлат за крстот, оваа година ми беше најсреќна и сега го фаќам прв пат.

Бидејќи живееш во Германија, дали е ова некаков знак да се вратиш еден ден овде?

Нормално, планирам во следните 7-8 години да се вратам секако, можеби и побрзо здравје Господ. Сега верувам многу во Господ пред се, баш и вчера си ја купив библијата, сакам да ја прочитам и здравје Боже наскоро сакам да се вратам тука.

Им препорачувам на сите да се фрлите бидејќи пред се е за здравје, најбитно е тоа. Оваа година што ми се посреќи мене, фала му на Бога викам пак, некој знак би требало да е ова и да сте здрави и живи сите“, вели Орданоски.

 

На сите присутни, на сите мои сограѓани им го честитам денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици, Бог се јави! Воедно на среќниот наоѓач на крстот, Влатко му посакувам среќа, здравје, бериќет во неговото семејство и во семејствата на сите наши присутни христијани, како во градот, така и во Република Македонија. Оваа традиција ја продолжуваме секоја година, ова е преголем и за нас значаен ден бидејќи симболично го означуваме крштевањето на Исус Христос“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи