Дванаесет годишниот Димитар Мицески од Прилеп, ученик во ООУ „Гоце Делчев“, утринава го фати Светиот крст во малиот базен во црквата Свето Благовештение. Тој истакна дека за прв пат влегува во осветените води за празникот Богојавление и дека за прв пат во фаќа крстот.
За да влезат во базенот по Светиот крст беа пријавени 20 дечиња родени од 2011 година па нагоре. Најстарите пријавени имаа по 12 години, а најмладиот учесник 7 години. Од 20 дечиња, 18 беа момчиња, а 2 девојчиња.
Инаку за прв пат после пауза од 4 години години, односно од 2020 до денес, поради пандемијата, но и после неа, во Прилеп во Аквапаркот Салида ќе се прави Голем Богојавленски Водосвет како и што беше и традицијата. За да влезат во осветените води на Аквапаркот се пријавиле 124 прилепчани, од кои најголемиот дел се млади лица, 14 се девојчиња, а останатите момчиња.