ВИДЕО – Биатлон федерацијата започнува со презентација на овој спорт во училиштата низ Македонија


Биатлон федерацијата на Македонија, која постои само 2 години, започнува со промоција на овој најпопуларен зимски спорт во основните училишта низ Македонија. Првата презентација беше во Крушево, кое се смета за колевка на овој спорт кај нас. Промоцијата се направи со новите ласерски пушки кои Федерацијата ги добила како донација од Интернационалната биатлон унија, а се наменети за деца од 9 до 14 години.

На некој начин целна група за оваа промоција и за идните промоции што планираме да ги направиме ширум нашата држава, да ги кооптираме тие деца од 9 од 14 години кои значат еден потенцијал, една база за овој спорт и натаму секако со работа и селекција би биле наши идни репрезентативци кои би нѐ претставувале. Секако овајплеменит олимписки спорт би добил на значење и на се поголема популарност и кај на во државата, како што е во целиот свет“, вели Ѓоко Динески, спортски директор на биатлон федерација на Македонија.

 

За започнеме да ги испромовираме меѓу најмладите, најдрагите, учениците кои се еден мотив за да се развиваат во еден здрав и успешен млад човек. Ова е уште една промоција како да се дојде до се повеќе спортски екипи, спортски дисциплини и содржини кои ќе привлечат се поголем број на гости и туристи во нашето Крушево“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Спортистите кои се занимаваат со овој спорт кај нас, особено младите велат дека Македонија има потенцијал за негов развој и токму затоа се прават ваквите настани за тој да стане што подостапен и популарен кај младите. Упатија и повик до нив да започнат со негово практикување.

Ме привлече спортот затоа што е доста познат олимписки спорт, се занимаваат повеќе децата од странство, кај нас не е толку достапен и познат, но еве со овие вакви презентации на спортот пробуваме да го воведеме како попознат спорт меѓу децата и поодбран“, кажа Петар Гиноски, биатлон натпреварувач.

 

Биатлонот ме привлече бидејќи е познат спорт и е интересен и сакам да го тренирам. Децата да тренираат, да бидат упорни и да постигнат некој резултат“, додаде Ивана Иваноска, биатлон натпреварувач.

Наскоро вакви презентации Биатлон федерацијата на Македонија ќе започне и во основните училишта и во другите градови на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи