Ковачевски поднесе оставка – на 28 јануари се избира техничка влада

Facebook
Twitter
Email
Print

Димитар Ковачевски, претседателот на македонската влада денеска, во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Македонија.

Во кабинетот на претседателот на парламентот имаше куса средба со својот наследник Талат Џафери кој, ако се оди според планираното, в недела најдоцна до полноќ ќе стане премиер на т.н. „Пржинска влада“.

На средбата Ковачевски истакна дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности. Потенцираше дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Македонија.

Во текот на денот оставка треба да поднесе и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Со овие оставки почнува формално-правната процедура за подготовка и избор на техничката Влада в недела на 28 јануари. Во неа ресорите за внатрешни работи и труд и социјала ќе ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. Опозициската партија ќе има дополнителни заменици-министри за финанси, за информатичко општество и за земјдоелство – Елена Петрова, Стефан Андоновски и Цветан Трипуновски.

Претстојните двојни избори – претседателски и парламентарни, кои ќе се спроведат во април и мај, според пресметките на ДИК, граѓаните ќе ги чинат околу 17 милиони евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи