ВИДЕО – Со голем број настани во Крушево одбележан 43 роденден на Тоше


Со положување на цвеќе и оддавање почит на неговото вечно почивалиште точно во 11.15 минути, моментот кога е роден Тоше Проески, денеска во Крушево, беше одбележан 43 роденден на нашата најголема музичка ѕвезда. Фанови како и секогаш имаше не само од Македонија туку и од странство.

„Чувствата се исти, тагата за неговата загуба е голема, но ние сме среќни шпто неговиот спомне се уште живее ќе се трудиме да живее вечно“, истакна Наум Капрически, учесник на маратонот за Тоше.

„Тука сум по 4-ти пат, го слушам Тоше веќе 16 години, многу ми значи, многу го сакам, кога ќе ја видам неговата насмевка ми поминуваат сите мои проблеми“, рече Марија Елена, фан на Тоше од Хрватска.

Во неговиот Спомен дом се одржаа неколку настани за овој ден. Уметницата Светлана Зуламоска Грозданоска направи изложба насловена „Срце није камен“ со портрети од Тоше насликани на камен. Сликите се продаваа, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 Средствата од изложбата што ќе се земат од продажба на сликите ќе бидат донирани за детенце на кое му се потребни за лекување. Тоа беше мојот мотив, мојата цел хуманоста на Тоше да се продолжи колку што можи и барем малку да се биди дел од неговата мисија“,рече уметница, Светлана Зуламоска Грозданоска.

Прилепчанката Јана Мрческа го промовираше и cover remix-от со 5 песни на Тоше и видео спот за истиот. Песните се на сите јазици на кои Тоше имаше композиции, македонски, српски, италијански и англиски.

Сплетот започнува со песната „Моите бакнежи на твоите бели кошули“, затоа што тоа е песната со која Тоше се проби, а завршува со „The hardest thing“, песната од неговиот последен албум. Јас сум родена после него, но како што се вика каверот „Вечна ѕвезда“, така и мене Тоше ми е ѕвезда водилка низ мојот пат во музиката и ми се секојдневна инспирација не само за тоа колку е тој добар пејач, туку и за тоа колку е тој добар човек. Тој многу помагал, бил и амбасадор на УНИЦЕФ и јас искрено секој ден сѐ повеќе и повеќе му се восхитувам на тоа колку добар човек тој бил“, вели Јана Мрческа, пејачка.

Со музичкиот перформанс „Ангел си ти“ настапија и Ивона Јо и бендот „B2B“, исто така имаше и промоција на документарниот филм за Тоше со наслов „Једини“.

 Како гледаме од посетеноста тука, затоа што сѐ повеќе млади луѓе доаѓаат, значи Тоше не е само идол, туку на некој начин е и стремеж да се постигне тоа што тој беше, не само на нашите простори, малку и пошироко, балкански. Од социјалните медиуми секогаш добиваме повратна информација дека тој беше тој што го обединуваше Балканот, ја обединуваше Македонија и се надеваме дека неговата музика ќе ги обединува младите кои го следат Тоше“, истакна Лефкија Гажовска, директор на Спомен домот Тодор Проески.

Во знак на неговата хуманоста секоја година во Спомен домот за овој ден се одржува и крводарителска акција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи