Маричиќ го менува Груби – ќе биде прв вицепремиер во техничката влада на Џафери

Facebook
Twitter
Email
Print

Маричиќ ќе го замени Артан Груби и ќе биде прв вицепремиер во техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери, а ќе ја задржи и позицијата како заменик-претседател на Владата за европски прашања.

Груби ќе остане вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Ротацијата на првите вицепремиерски места, според извори од владејачкото мнозинство, е компромис во насока на изедначување на силите во извршната власт.

Во техничката влада нема нема најавено промена на министрите кои доаѓаат од актулениот владин состав, освен министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, како и дополнителните заменици министри во ресорите финансии, информатичко општество и земјоделство, кои доаѓаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Техничката влада треба да се избере в недела на 28 јануари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи