На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.