МЕД лоцираше нова рисица во близина на Стража

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонското еколошко друштво (МЕД) објави дека лоцирало нова женка рис, која била пронајдена во кафез-стапица поставен пред само три дена. Рисицата по име Луна беше лоцирана на планината Буковиќ во близина на Стража.

„Среќна вест! Тимот на МЕД минатата ноќ лоцира нов женка рис, и тоа во кафез-замката што беше направена минатата недела, а поставена пред три дена. Женката рис Луна пред само неколку часа беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. “, објави МЕД на својата страница на Фејсбук.

Пред да биде пуштена, Луна беше прегледана и „обележана“ со околувратник, со што отсега ќе може да се следи нејзиното движење во природа.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис е на работ на истребување и се проценува дека има останато околу 100-ина единки. ,

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи