Јован Митрески нов претседател на Собранието

Досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески е нов претседател на македонското Собрание. За неговиот избор гласаа 65 пратеници, а 40 беа против.

„Ве уверувам дека со посилен интензитет ќе продолжам да работам во интерес на функционалноста и ефикасноста на Собранието секако во согласност со Уставот, Деловникот, законската регулатива, но пред се во интерес на граѓаните и државата. Верувам дека заеднички ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата бидејќи за млади демократии како нашата тоа е важно да го правиме секој ден“, рече Митрески откако седна на претседателското столче.

Митрески доаѓа на функцијата претседател на Собранието откако Талат Џафери поднесе оставка, бидејќи според договорот на владејачката коалаиција, тој ќе биде идниот технички премиер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи