ВИДЕО – Крушево задоволно од зимската сезона и празниците, градот преполн со туристи


Крушево задоволно од тоа како помина во овој дел од зимската сезона за празниците. Исполнетоста на капацитетите била над 90% и се бараше кревет повеќе. Прекрасната природа, чистиот воздух, снегот и целата приказна за овој град се она што ги привлекува гостите.

Овие празници, новогодишните, уште 200 легла најмалку да имаше мислам дека ќе беа издадени. Оваа година беше исклучително добро посетено Крушево, сите издаватели на апартмани и туристички соби се пофалија дека нивните капацитети беа полни. Се извинуваме на сите кои во последен момент останаа без соба плус, имајќи предвид дека навистина резервациите почнаа уште од средината на ноември“, вели Лефкија Гажовска, Здружение за промоција на туризмот „Feel Krusevo“.

 

Горе на ски терените имаме адреналински парк и лонџ бар каде луѓето сепак може да се прошетаат и да поминат дел од времето. Крушево доста ни е познато исто така и по историските знаменитости кои што кога нема снег можат да бидат посетени и секако градчето има преубав дух“, кажа Фанче Чонеска, менаџер на хотел.

Гостите се задоволни од тоа што може да го видат тука и со позитивни впечатоци и многу позитивна енергија заминуваат од тука, а најважно од се е тоа што го препорачуваат ова место за еден од нашите најдобри зимски центри.

„Доаѓам од Кавадарци, тука сме по втор пат, доаѓаме поради снегот, навистина е убаво“, рече една посетителка.

 

Одлично е Крушево во зима, секој би требало да дојде тука и да го посети Крушево зимски период“, вели друга посетителка.

 

Капацитетите се полни, со позитивни впечатоци се враќаат и го препорачуваат топло кај сите останати туристи“, додаде една крушевчанка.

Но не само во зима Општината веќе подолг период работи на тоа Крушево да биде дестинација за 4 сезони, со особен акцент на спортскиот алтернативен туризам. Тука се пред се параглајдеристите, а сега се маркираа и над 40 км патеки за планински велосипедизам.

Даунхил патеки во моментот имплементираме, каде нова таргет група ќе биде велосипедизмот и вело спортот во Крушево, тоа е една нова група и како што се развива парагладерството и змејарството, така ќе продолжиме и со овој вид на спорт“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Се работела и на тоа да се привлечат тука спортисти и од други спортови кои тука би одржувале разни подготовки, семинари и обуки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи