Приведени четворица осомничени за случајот „Онкологија“, меѓу нив и екс директорот Васев

Четворица вработени на клиниката, меѓу кои и екс директорот Васев, се приведени за поврзаност со случајот за злоупотреба на лекови за болните од канцер, а неофицијално се трага по уште неколкумина. Од Основното јавно обвинителство информираат дека се извршени и претреси на три локации и дека преземените дејствија се по налог на јавен обвинител.

Организацискиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Халид Матоши денеска во изјава за медиумите потврди дека од Клиниката денеска се приведени три лица меѓу кои и поранешниот директор Нино Васев. Од другите двајца, Матоши вели дека едното е медицинско лице од Онкологија, а другото е вработено.

Информацијата дека од Клиниката за онкологија се приведени три лица ја потврди и директорката на Клиниката, Виолета Клисарова. Таа не ја исклучува можноста дека имало и други претреси.

Случајот „Онкологија“ се откри откако неделникот „Фокус“ минатата година објави серија текстови за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката.

Минатата година имаше неколку големи протести на граѓаните, кои бараа одговорност. Беше формирана и Анкетна комисија во Собранието која требаше да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија. Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, политичка одговорност ја лоцира кај ексминистерот за здравство Венко Филипче, ексдиректорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ, Ирина Сотирова-Бухова, како и ексдиректорите на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи