Министерството за земјоделие најави зголемување на откупната цена на тутунот – некои откупувачи веќе ја зголемија

Овие денови бележиме зголемување на откупните цени за предаден тутун, а искрено очекувам цената да достигне над 360 денари, истакна денес министерто за земјоделство Љупчо Николовски.

„Апелирам до сите откупувачи, при зголемувањето на откупните цени, во предвид да имаат ретроактивна исплата до секој еден кооперант, што претходно тутунот го предале по старите цени“, рече Николовски.

Пашоски тутунски дилер Скопје веќе има доставено Анекс кон договорот за откуп на тутун, со кој цената за прва класа се зголемува на 365 денари, втора класа ќе се откупува за 264 денари, додека трета класа за 198 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи