Црна хроника во Прилеп

На 31.01.2024 во 13.20 часот во ОВР Прилеп, А.Р.(55) пријавил дека на ул.„Т.Николоски-Куминалец“ бил каснат од куче скитник.

Истиот во ОВР Прилеп било пријавено дека во 18.30 часот настанал пожар во фабрика на ул.„Леце Котески“ во Прилеп. Пожарот е локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 31.01.2024 во ОВР Прилеп бил извршен службен разговор со М.К. од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон неговата 42-годишна поранешна сопруга и нејзиниот 61-годишен татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи