ВИДЕО – Големи успеси за воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп во 2023 и значајни предизвици за 2024


2023-та беше многу успешна година за еден од 7-те наши воздухопловни клубови на ниво на држава+, а тоа е клубот од Прилеп „Фил Феникс“, кој доби голем број награди и признанија. Членовите на клубот учествуваа на многу меѓународни натпревари во 7 држави. На Светските купови се освоија вкупно 9 медали, од кои 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали, што претставува огромен успех ако се знае фактот колку е тешко да се освојат награди на овие врвни натпревари.

На државното првенство во категоријата едрилици „Фил Феникс“ дефинитивно е победник во генерален пласман. Во поединечна конкуренција, прво место и во јуниорска и во сениорска конкуренција. A членовите на „Фил Феникс“ се дел и од македонските репрезентации  –  како сениорската така и јуниорската.

Постигнатите резултати од 2023 во секој случај преставуваат голема мотивација за сите наши спортисти, па и организациски за воздухопловниот клуб кој во 2023 успешно ги реализира меѓународните натпревари кои се веќе традиционални, Светскиот куп Прилеп, Куп трофеј на Прилеп и Македонија куп кои што се дел од натпреварите за светскито куп во воздухопловни модели за слободен лет. Додека веќе по традиција од 2017 година почнавме натпреварите во Светскиот куп во летање со дронови да ги одржуваме, така и 2023 година имавме успешна организација на тој куп натпревар“, вели Здравко Тодороски, претседател на клубот „Фил Феникс“ од Прилеп.

Анастасија Пожарска го освои 1 место на државното првенство и во јуниори и сениори, а додека Лука Најдоски е вкупно најдобар спортист на воздухпловниот клуб за 2023 година. Најдоски е се уште јуниор.

Моментално сум во сениорската репрезентација на Македонија, се натпреварувам во категоријата Ф1А, дисциплина на слободнолетачки модели, каде ја ги управувам со сајла долга 50 метри. Се подготвувам со тренинг да го управувам моделот, односно едрилицата и поттиг ми е овој спорт, како фамилијарен спорт“, истакна Анастасија Пожарска, член на воздухопловниот клуб од Прилеп „Фил Феникс“.

 

Учествувам во јуниорската репрезентација на слободнолетачки модели во категорија Ф1А. Таа категорија, исто како што кажа Анастасија, се управува едрилица со сајла долга 50 метри, која се користи за да се најде термиката па да продолжи моделот да лета слободно сам. Од мали години мојот татко ме носеше на натпревари како светски купови и државни првенства кои се одржуваа на спортскиот аеродром кај Прилеп, во Коњари и ете така ми се јави желбата за и јас да сум дел од овој спорт“, изјави Лука Најдоски, член на воздухопловниот клуб од Прилеп „Фил Феникс“.

Во 2024 година повторно во организација на клубот „Фил Феникс“ ќе бидат натпреварите од Светскиот куп и за воздухопловни модели и за летање со дронови. Но исто така се отвора и иницијативата за поголема соработка со училиштата и овој спорт да се внеси и популаризира кај младите од 5 до 9 одделение со отворање на нова воздухопловна категроја летање на модели во сала.

Воздухопловниот клуб Фил Феникс пријави натпревар во летање на модели во затворен простор, односно во сали. Тоа е идеја која што постои и веќе се реализира во повеќе држави 6-7 години, нова категорија, евтина категорија, многу лесна категорија каде што децата можат да работат и сами да го увидат летањето со тие модели. Најавено е веќе и ќе почнат контактите со училиштата да видиме како и колку можат сето тоа оваа година да се популаризира. Спомнавме неколку пати, покрај менталните, интелектуалните зајакнувања, умствени или други карактеристики кај младите, дефинитивно механичкото работење, работењето конкретно со раце, спортување кои само по себе бара физичка подготовка и овозможува поголема психофизичка подготовка на младите, за нас е предизвик“, додаде претседателот на клубот Тодороски.

Оваа година во Прилеп ќе се одржи и Светско првенство за јуниори во воздухопловно спортско моделарство ќе се организира во Прилеп од 6 до 10 август, во близина на селото Веселчани, затоа што спортскиот аеродром кај Мало Коњари е мал за да ги собере сите најавени екипи. Во таа чест Македонски пошти ќе издадат и поштенска марка со мотив од ова првенство. А претходно од 3 август исто во Прилеп ќе се одржува Светскиот куп Прилеп

Посебно задоволство и чест и драго ми е што ете Прилеп, нашиот град и државата пред се ја афирмираме и пред меѓународната воздухопловна спортска јавност, меѓутоа и на сите можни начини. Преку спортскиот туризам, можноста градот и државата и да има бенефит од нашите активности и искрено се надевам дека со добра подготовка и соработка, со поддршка од новинарската фела дека тоа светско првенство ќе го афирмираме и ќе му дадеме достојно место во нашите македонски спортски манифестации“, истакна Тодороски.

Токму поради ваквите големи успеси се бара државата, но и бизнис секторот да имаат поголем слух за овој спорт кој значи огромна промоција не само за Прилеп туку и за цела Македонија.

Се бориме, работиме ние како спортски работници, како организатори цело време да им го дадеме местото на нашите спортови, пред се на институционално ниво во држвата, пред стопанството да укажеме колку е тоа значајно, имајќи во предвид дека во секој случај организацијата на врвните спортски натпревари кај нас не е трошок за држвата, туку е бенефит за стопанството пред се. Го спомнавме ние спортскиот туризам, јас во повеќе наврати укажувам на тоа кога ние организираме светски или европски натпревар, 3 и пол до 4 илјади ноќевања се реализираат само во Прилеп. Претежно сите од странство кои доаѓаат продолжуваат на другите туристички места во државата, значи остануваат сигурно уште најмалку една недела или 5-6 дена. Значи сепак тоа е тука она што ние како придонес од нашите активности, од нашето работење го даваме за заедницата“, потенцираше Здравко Тодороски, претседател на „Фил Феникс“.

Сите овие активности ја даваат надежта дека воздухопловните спортови кај нас во иднина ќе си го добијат своето заслужено место помеѓу останатите спортови, но и вниманието, поддршката и финансиите кои се неопходни за нивни поголем развој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи