ВИДЕО – Станкоски: Откупувачите покажаа некоректен однос кон тутунарите, повикувам да не се верува на збор туку само на пишан документ


Од Државниот земјоделски инспекторат ги повикуваат тутунарите да не веруваат во зборови туку само во легално потпишен документн анекс кога станува збор за зголемувањето на откупната цена на тутунот. Во последно време зголемени се гласините дека дел од откупувачите ги повикувале тутунарите да го предадат тутунот по цена од 330 денари за килограм, а остатокот од парите дека ќе го добијале или на рака на сметка. Но, од инспекторатот велат дека тоа не можат да го потврдат со конкретни докази.

„Тутунарите треба да веруваат само на пишан документ. Само анекс на договор важи. Зборот е како договор во 4 очи. И за тоа има мерки, но со име и презиме, мене ме излажа тој и тој. И тогаш не мора инспекторат за земјоделие тогаш да делува ако  не може, ќе делува полиција и други органи. Тоа во некоја смисла е и доведување некого во заблуда и превара“, вели Јанко Станкоски, директор на државниот инспекторат за тутун.

Повторно од инспекторатот ги повикаа откупувачите да ги зголемат цените за да заврши годинешната голгота на тутунарите. Нејасно како и покрај малото производство на тутун, кое е преполовено за разлика од лани и годинава можеби нема да тежи над 12 или 13 милиони килограми, откупувачите се уште не сакаат да ги зголемата цените, што пак доколку остане така во иднина може да доведе до уништување на оваа гранка кај нас.

„Мора да дојде до некои промени на Законот за тутун. Но за тоа треба да одлучуваат сите засегнати страни. Откупувачите цело време кажуваат дека се за одржливост на производството, но овие моменти кои се случуваат сега не зборуваат за тоа дека тие се за одржливо производство. Излегува дека има не фер однос кон тутунопроизводителите. И мислам дека тоа би требало да биде тема на следниот конкрес на тутунарите кој во април ќе се одржи тука во Македонија. Тутунопроизводството е значајна гранка во земјоделството и исто така и индустриска значајна гранка. Ние имаме вработени во фабриките како извозен производ е многу значаен тутунот за Македонија како држава, така што не би требало да се дозволи оваа ситуација“, додаде Станкоски.

Досега се откупени околу 9 милиони килограми на тутун, а колку точно тежи родот никој не може со сигурност да каже. Најдоцна до почеток на март треба да започне и потпишување на договорите за идната реколта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи