Транснационална средба во рамките на проектот за LEADER-CLLD „Наша заедничка иднина“

На 31ви јануари и 1ви февруари 2024 година во Ремершен (Луксембург) се одржа транснационална проектна средба во рамките  на проектот „Нашата заедничка иднина“ спроведуван од водечкиот партнер LEADER-форум Австрија во партнерство со локални акциски групи од европските земји.

Почнувајќи од 1991 година до денес, LEADER-CLLD пристапот е приказна којапостојано се проширува, за бележува резултати и носи придобивки за подобар живот во руралните заедници и градење на витални и одржливи рурални заедници. Го спроведуваат над 2800 локални акциони групи (ЛАГ) во Европската унија покривајќи 61 % од руралното население во ЕУ и обединувајќи ги јавните, приватните и заинтересираните страни од граѓанското општество да  заедно делуваат за придобивки за сите во заедницата.

На средбата без презентирани најиновативните LEADER пристапи во рамките на ЕУ, беа споделени иницијативи за соработка помеѓу земјите од ЕУ и државите од Балканот, но и држави надвор од Европа односно во Африка.

На состанокот свое учество зеде и Марина Тошеска како претставник на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР, која ги презентираше предизвиците со кои се соочуваат локалните акциски групи во нашата држава, и неопходноста од поинтензивно делување на релевантните институции за започнување на спроведување на LEADER/CLLD пристапот и обезбедување на финансиска поддршка за локални иницијативи предводени од заедницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи