ВИДЕО – Трипуновски: Бако, Орбита, Пашоски и Сокотаб ги покачија цените, апелирам тоа да го направат и другите


Во текот на минатата недела одржав состанок со сите откупувачи кои се во регистарот за тутун. И разговаравме за актуелната состојба и за можни решенија како може да се надмине целата оваа ситуација. Предлогот и мојата замолница до нив беше цената од 330 денари за килограм се покачи на на 360 или 365 денари се со цел да го стимулираме тутунарите да произведуваат и за наредната реколта, истакна на денешната прес конференција во Прилеп дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

„Дел од предлогот кој го дадовме денеска на маса гледам дека во текот на истиот или денот после тоа дек помалите компании тоа го прифатија. И моите информации говорат дека дел од компаниите како Бако, Орбита и Пашоски имаат цена од 360 односно 365 денари. Дел од нив тоа го прават како награда, стимул дополнителен за нив. А дел веќе имаат сменето и ценовникот кој го имаат јавно истакнато. Утрово добив информација дека и Сокотаб веќе направила корекција на цените односно доплата по основ на награда или бонус за секој тутунар до 35 денари по килограм односно цената ќе биде околу 365 денари долната граница.

Она што сакам да го упатам од овде е и останатите компании кои се во регостарот да го следат овој тренд и ова да важи пред се за сите кои го предале тутунот до овој момент и за сите оние кои ќе го предадат до 28-ми овој месец односно до крајниот законскиот рок за предавање. Така што да бидат опфатени сите тутунари кои што предале или ќе предадат за да нема двоење и двој аршини за едни или други тутунари.

Ја користам ова прилика иако после денешната средба ќе разговарам и со министерот Николоски да се вклучи во оваа цела акција за заштита на трудот и маката на тутунарите и заедно преку Тутунскиот комбинат од Прилеп кој има свои кооперанти и спрема останатите компании заеднички да се делува и да се постигне барем оваа на прагот рентабилна цена да се помине оваа сезона и веќе од наредниот месец да планираме и разговараме за наредните договори кои ни се предизвик и на Министерството и на овие луѓе кои се позади мене.

Ова што го прават дел од компаниите и ќе продолжат во наредниот период нормално треба да биде во корелација со законските обврски за исполнување на некои норми и тоа да да биде во некаква рамка стравено се со цел да нема манипулации кон тутунарите, да едни добијат други не“, истакна Трипуновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи