Налепниците со озната НМК, без кои македонските возила нема да може да патуваат надвор од државата, пристигнаа во станиците за технички преглед доцна викендов. Поради тоа што дел од возачите мора под итно да патуваат во странство, а кај дел од нив тоа е и примарна дејност, Станицата за технички преглед во Прилеп Авто Контрол, како и многу пати досега, како општествено одговорна компанија, излегува во пресрет на нашите граѓани и своите клиенти.
Според насоките од МВР клиентите мора да дојдат со своите возила во станиците за технички преглед и налепниците со ознаката НМК да бидат поставени од страна на стручно лице контролор, во самата станица за технички преглед.
Авто Контрол ги повика оние клиенти на кои што патувањето во странство во овој момент им е неопходно утре 11.02.2024 да дојдат со своите возила во просториите на станицата од 10.00 до 16.00 часот и да добијат налепница со ознаката НМК.
333