ВИДЕО – Време е ДУИ да оди во опозиција, се создава силен отпор кон нив во политичките партии на Албанците


Деновиве коментираме дека власта со години се обидуваше да направи раздор во ВМРО ДПМНЕ, тоа не успеа и обично секогаш е такво правилото кога мечката игра во дворот на комшијата, прашање на време е кога ќе заигра и во вашиот двор, истакна денеска во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, околу најновите случувања во Алијанса за Албанците.

„И наместо еден обединет фронт кој беше најавуван, европски или не знам каков, сега ќе имаме очигледно најразединет возможен фронт од страна на власта, па така СДСМ ќе настапи со 2 листи, една на СДСМ и втора на Максим Димитриевски кој излезе од СДСМ. ДУИ ќе настапи со 2 листи, една на СДСМ, втора на Изет Меџити. Очигледно и Алијанса на Албанција ќе настапи со 2 листи, а ВМРО ДПМНЕ со својата коалиција ќе настапи обединето. Она што е позитивно од ова што го гледаме е дека е време ДУИ да оди во опозиција и се создава еден силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, не е мое да кажувам што и како треба да работат, тие се свои политички субјекти, но мислам дека е од заедничко добро на државата ДУИ да оди во опозиција“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи