ВИДЕО – Николоски: Во еден 4 годишен мандат Прилеп ќе добие 34 милиони евра за капитални инвестиции или годишно по 8.5 милиони евра


Денеска сме тука да го видиме и слушниме отчетот кој градоначалникот Борче Јовчески ќе го даде за 2 години работа во општина Прилеп. Би сакал да искажам поддршка но и задоволство од она што е сработено досега, ние како политичка партија која стои позади мнозинството во Советот и го кандидираше градоначалникот сме исклучително задоволни од работата во општина Прилеп и сметаме дека она што се случува во изминативе 2 години е навистина позитивно. Градоначалникот зборуваше за изминатите проекти, на презентација ќе оди детално, јас би сакал да кажам неколку збора за иднината, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пред почетокот на денешниот отчет на градоначалникот Борче Јовчески.

„Она што ќе биде наше основно ветување во кампањата која почнува за парламентарните избори е дека буџетот во делот на капитални инвестиции ќе се децентрализира и дека голем дел од средствата ќе се спуштат директно во општините. Конкретно за општина Прилеп планираме во еден 4 годишен мандат да се потрошат 34 милиони евра за капитални инвестиции, или по година 8.5 милиони евра. Тоа се средства кои што градот никогаш претходно не ги видел, средства со кои градот инфраструктурно ќе се преобрази и прероди, дали зборуваме за инфраструктура во делот на водоводи, канализации, патна инфраструктура, изградба на плоштади, заштита на старо градско јадро, или зборуваме во делот на образование во изградба на училишта, изградба на градинки, примарна здравствена заштита во изградба на амбуланти и поддршка на докторите од примарната заштита. Социјални грижи, субвенции и сето она што може да вклучи работа на една Општина, така да овие средства дополнети со буџетот на Општината кој секако останува и ќе ги дополнува овие средства, во рок од 4 години треба да не доведе во ситуација да градот целосно се прероди и да имаме комплетно нова слика.

Ова паралелно со силната битка со организиран криминал и корупција која ќе се случи и првите резултати ќе се видат уште во првите 100 дена, каде оние за кои има сомнежи ќе бидат изведени пред лицето на правдата, како и силниот интензитет на поддршка на стопанството и на домашните и странските инвестиции и пред се поддршка на извозот, затоа што сме ние мала држава и мора да стимулираме извозни фирми кои ќе носат работни места и пари во Македонија. Овие работи заедно ќе направат многу попријатно место за живеење.

Уште еднаш сакам да изкажам поддршка на градоначалникот Борче Јовчески, исто така да се заблагодарам и на претседателот на Советот Проданоски, пратениците Лашкоска и Ристески кои заедно работат да градот оди напред, а после изборите и со наша помош ќе гледаме многу поголеми дела“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи