ВИДЕ0 – Јовчески: Инвестиции од 50 мил. ден. во образованието, асфалтирање на 80.000 м2 улици, мултифункционални спортски и детски игралишта, долгот намален од 5 мил. евра на само 800.000


Денеска даваме отчет пред моите сограѓани од општина Прилеп за сработеното, поточно во Домот за култура Марко Цепенко ќе има презентација да слушнат и да видат што се е реализирано од она што беше предизборно ветено во овие 2 години. Ние сме веќе на пола од мандатот, значи имаме уште 2 години да докажеме колку сме спремни да го реализираме сето она што го имавме во нашата програма, истакна денеска градоначалникот Борче Јовчески, пред да го презентира за 2 годишната работа на локалната самоуправа.

„Во 60 страници материјал, скромно, но повеќе нескромно можеме да презентираме од првиот до сега веќе во завршни фази проекти, од инвестирањето во образованието во нашите општински училишта од преку 50 милиони денари за реконструкција, обновување, адаптирање на простории, опремување со инвентар и се она кое што нашите ученици го заслужуваат. Потоа реализиравме и имаме уште 12 улици да го завршиме рехабилитирањето на 80 илјади метри квадратни улици и патишта низ градот, се разбира нашата инфраструктура и тоа како е важна. Пред неколку месеци покажавме и дека вложуваме во реконструкција и на училишни спортски игралишта и паркови, повеќефункционалниот спортски терен во ООУ Добре Јованоски. Штотуку завршен проект ни е на Могилата на непобедените едно прекрасно детско катче. Имаме завршено и сведоци сме кога шетаме низ нашиот плоштад, кракот од Методија Андонов – Ченто.

Потоа реализиравме реконструкција и на неколку установи, да не ги заборавиме и најмладите, продолжуваме да вложуваме во еднократна парична помош за секое новороденче во нашиот град, се разбира мислиме и за основците, односно првоодделенците каде продолжуваме со давање на оброк со здрава храна, а оваа година продолжуваме и со второодделенците, значи посебен акцент даваме за материјалниот дел кој на родителите и тоа како им значи, да не го вложуваат барем во поглед на исхраната кога се дечињата во училиштата.

Најголем акцент во нашето работење би дал и на домаќинското работење. Кога дојдов на функцијата градоначалник затекнав долг од 5 милиони евра, кој завршно со минатава година успеавме да го намалиме на 800.000 евра и тенденција имаме навистина и покрај сите тие проекти што ги сработивме, ние успеавме и тоа како да заштедиме, односно да исплатиме голем дел од долговите.

Ова не можам јас да го кажам дека го сторивме како локална самоуправа, ако не ги спомнам претседателот на Советот на Општина Прилеп, нашите советници, општинската администрација. Последните проекти за кои ни помогнаа и без кои не можевме се разбира да ги добиеме, тоа се нашите пратеници во Собранието на Република Македонија, Ане Лашкоска и Петар Ристески, со новата фабрика за селекција на отпад ќе покажеме како екологијата ни е број еден и најважно нешто, покрај хигиената и чистотата во нашиот град. Морам да ги пофалам за огромната поддршка и претседателството на партијата ВМРО ДПМНЕ кои безпоштедно откако дојдов ни даваат поддршка, насоки и секогаш консултации што е најдобро за нашите граѓани.

Нашите јавни комунални претпријатија исто така не смееме да не ги спомнеме, кои дадоа огромен придонес овие 2 години нашиот град да изгледа прекрасно, во поглед  на расчистување на дивите депонии, речното корито, изградба на водоснабдителен систем за кој јас во мојата презентација ќе кажам дека наскоро го отвораме и новиот систем во село Канатларци кој е од огромно витално значење за тоа населено место.

Ќе продолжиме најодговорно, чесно и безпоштедно да вложуваме во нашиот град“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи