ВИДЕО – Пачешкоски: За 2,5 години Јовчески потроши 45 милиони евра народни пари, а има нула реализирано проекти


Вчерашниот таканаречен отчет на градоначалникот Борче Јовчески потврди 2 работи, Јовчески одамна изгубил контакт со реалноста и е најголемата елементарна непогода која било кога го зафатила Прилеп. Неспособноста да ги реализира предизборните ветувања, да испорача резултати, да ги направи функционални јавните претпријатија, да ја менаџира општинската администрација, прилепскиот градоначалник ги покрива со лаги, истакна на денешната прес конференција Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ Приелеп.

„Па така реконструираните плоштади, новоизградените фабрики, намалените општински долгови, стипендии за студенти ги има само во главата на Јовчески и никаде на друго место. Реалноста која тој одбива да ја прифати е сосема поинаква, после поминати 2 и пол години во градоначалничкиот кабинет и потрошени 45 милиони евра пари на граѓаните од Прилеп, градоначалникот Јовчески има нула реализирани проекти.

Повторувам, Борче Јовчески и Дејан Проданоски за 2 и пол години имаат потрошено 45 милиони евра пари од граѓаните.

Неспособноста на Борче Јовчески е видлива на секој чекор, енормно зголемен данок на имот, јавни претпријатија доведени пред банкрот, зголемени цени на комунални услуги, очајна состојба на инфраструктурата, процут на дивите градби. Потрошени стотици илјади евра за вдомување на блиски роднини на партиските функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Почитувани, што добро може да се каже за градоначалник кој потрошил повеќе пари за икебани отколку за капитални инвестиции. Ниту едно манипулативно книжулче наречено отчет не може да ги демантира споменатите аргументи кои се доказ за 2 годишното срамно раководење на општина Прилеп од страна на Борче Јовчески и Дејан Проданоски.

Борче Јовчески, човекот кој беше избран да ги решава проблемите на граѓаните на општина Прилеп и самиот стана најголем проблем за прилепчани. Од тие причини негова итна и неотповитлива оставка од функциијата градоначалник ќе биде најдоброто нешто што Јовчески го направил за прилепчани, но и за самиот себе си“, истакна Пачешкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи