Возачките дозволи ќе важат уште десет месеци, до крајот на 2024 година

Со 89 гласа ЗА, пратениците ја изгласаа потребата од промени во законот за безбедност во сообраќајот. На итната седница која ја свика претседателот на собранието Јован Митрески прва точка беше потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата ќе биде до 31 декември.

Овој закон сега треба да го помине филтерот на комисијата за одбрана и законодавно-правната комисија. Се очекува овие измени да бидат изгласани во текот на денешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи