ВИДЕО – Штрајк на над 100 вработени во прилепската болница со нерешен статус, обвинуваат дека потпис не ставала заменичката за финансии, таа пак за ситуацијата го обвинува министерот


Над 100 вработени во прилепската болница чиј статус веќе втор месец не е воопшто решен денеска стапија во штрајк. Лекари, медински сестри, болничари, возачи, хигиеничари, од кои дел тука работат и по 7 години наместо  трансформација на работниот однос со нивно вработување на неопределно време, сега немаат ниту Договори на дело. Обвинија дека согласноста за Договори на дело и согласноста за нивно трајно вработување не ги потпишувал дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова, побараа од неа тоа итно да го направи.

„Ставете го вашиот потпис драга министерке. Доколку не го сторите тоа, утре штрајкот продолжува во Скопје, пред Министерството за финансии. Во комуникација сме со сите колеги од целата држава  кои се во иста ситуација како нас“, рече Благоја Јагуриноски, возач во општа болница Прилеп.

 

„Немаме ниту Договор на дело, немаме ниту пчотпишано договори, жално е што ќе нема ниту плати. Ние сме сите фамилијарни луѓе некјои си ги оставаат децата дома за тука да вложат труд“, истакна Сибела Османоска, хигиеничарка во општа болница Прилеп.

Од болницата велат дека до надлежните институции  запазени биле сите рокови и поднесени биле сите потребни барања и документи.

„Aпел до министерката Елена Петрова, да се одважи и да го ослободи започнатиот процес  за вработување на овие луѓе.  Луѓе,  кои секојдневно  помагаат на прилепчани и на жителите од соседните општини. Болницата без овие луѓе не може, застанува, нема кадар“, истакна Кети Смилеска, директорка на Општа болница Прилеп.

Од Синдикатот истакнаа дека излезот бил во тоа Собранието во овие 2 дена под итна постапка да денесе Закон за траснформација на работните односи.

Ги повикувам пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и другите политички партии најитно денеска и утре, бидејќи утре се распушта парламентот да донесат закон за итна трансформација, како што можеа да ги покачат платите за нив за 78%, така можат да ја решат и судбината на овие луѓе“’, вели Дејан Јованоски, претседател на независниот синдикат на администација при општа болница Прилеп.

Дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова, преку ФБ статус истакна дека дел од овие барања биле доставени до министерот за финансии уште во декември и јануари, пред формирањето на преодната влада и истиот доколку сакал можел да ги реши тогаш.

„Доколку министерот имал искрена намера до сега ќе им бил решен статусот на овие лица, меѓутоа очигледно е дека не постоела волја туку само обид за затскривање и барање алиби со тактизирање и чекање на стапување на функција на дополнителниот заменик министер за финансии“ вели Петрова.

 Петрова вели дека не е фер ваквиот однос кон овие лица и затоа барала се да биде усогласено со законот кој се применува во предизборен период. За тоа како да постапи во ситуацијава мислење побарала и од ДКСК, но се уште немала добиено никако одговор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи