Советот на Општина Прилеп ја одржa редовната 39-та седница. На дневен ред пред советниците се најдоа 21 точкa, од кои половината се однесуваа на предлог – одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши усоглсување на намената, oд зона за заштитено зеленило во домување, по барање на физички лица.
Дневниот ред беше надопoлнет со програмата за еднакви можности за 2024 година и предлог – решението за избор на командир на ПС-Прилеп. Советниците по последната точка од дневниот ред со 15 гласови „за“ и еден „воздржан“ го избраа Горан Колонџоски, инспектор во криминалистичката полиција, за командир на ПС од ОН-Прилеп.
Советниците ги разгледаа и одобрија: програма за уредување на градежно земјиште за 2024 год, развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2024-2026, програма за јавно осветлување за 2024 година и за енергетска ефикасност за 2024 година, програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2024 година, предлог- програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година, програма за други комунални услуги за 2024 година, програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година, програма за одржување на јавна чистота за 2024 година како и програмата за урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година и условите, начинот и постапката за издавање и одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп.