ВИДЕО – Димова: Големи штети од поплавата во ЦК „Марко Цепенков“, Министерството за култура да каже дали Домот е осигуран?


Негрижата кон институциите од културата продолжува во континуитет 7 години по ред. Но, целта на СДС е очигледна: уништување на културата и културното наследство во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александра Димова, ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„До нас стигнаа информации дека на 26.01.2024 во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се случила поплава поради пукната цевка, при што е нанесена огромна штета. Целосно оштетени биле гримиорните, задната врата на големата сцена, како и гаражата која била целосно поплавена.

Затоа, упатуваме прашање до министерката за култура Бисера Стојчевска, дали Домот е осигуран со оглед на тоа дека истиот е Национална установа и е во надлежност на Министерството за култура?

Дали и другите објекти низ Македонија кои се во надлежност на Министерството се осигурани?

Еве причина и повод за да ЈО по допрен глас ги преземе сите мерки кои се во нивна надлежност со цел утврдување на можна кривична одговорност.

Колку за потсетување, органите на прогон водеа постапка против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески за ваква слична работа во врска со штети по општинската зграда, па очекуваме Обвинителството да ја покаже својата непристрасна работа и истите дејствија да ги преземе во врска со штетата во Домот за култура „Марко Цепенков“.

Министерката очигледно повеќе се интересира за културниот живот во Косово, отколку за во Македонија.

Кога сме веќе пред Домот за култура, ја разобличуваме крајно лагата на СДС и министерката. Новиот театар ниту е почнат, ниту ќе започне годинава.

На јавноста треба да и биде јасно дека Прилеп нема да добие театар, затоа што немаат проект и немаат обезбедено средства во Буџетот на државата за 2024 година, а театарот не е ниту спомнат во годишната програма на Министерството“, рече Димова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи