Одлична организација на уште едно успешно издание на Outlet Weekend во Прилеп


Од 14 до 17 февруари во Прилеп се одржа третиот по ред Outlet Weekend. Организатори беа Општина Прилеп и Прилепската чаршија. Дел овој настан, кој полека, но сигурно, станува нов препознатлив прилепски бренд, беа огромен дел од нашите дуќанџии и угостители.

Настанот како и во своите две претходни изданија предизвика навистина голем интерес, особено кај купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп уште еднаш докажа дека знае да понуди шопинг забава.

 

 

 

Во моменти кога во чаршијата има голем дел затворени дуќани, кои не можат да се издадат по 2 па дури и по 3 години, а посетеноста е се послаба, ваквите настани, кои треба да ги има се почесто, се навистина светла точка која има за цел да го врати духот на чаршијата и да го заживее централното градско јадро.

Чаршијата е срцето и душата на еден град, вклучитечно и на Прилеп. Без неа една урбана средина не би можела да опстои и преживее. Токму затоа еден од приоритетите треба да биде одржувањето на што е можно повеќе настани од ваков вид во центарот на Прилеп кои ќе го помогнат економскиот развој.

 

 

 

Оваа идеја на шопинг придружен со забава ја поздравија и граѓаните, а пред се дуќанциите. Токму затоа Outlet Weekend Прилеп треба да биде нашиот нов бренд, кој како и други успешни прилепски настани веќе започнаа да го копираат и други општини.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи