За 300 отсто поскапеа дел од катастарските услуги


Од 15 февруари за упис на новокупен стан во Катастарот, за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот, дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.

Сега ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи дека тоа граѓаните ќе ги чини 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Вадењето на имотен лист од Геодетско-катастарскиот информациски систем во електронска форма и натаму чини 250 денари, но ако податоците од Геодетско катастарскиот информациски систем се користат за формирање нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, висината на надоместокот пропишана со овој тарифник се зголемува за 300 отсто.

Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а од Агенцијата за катастар за МИА информирале дека зголемувањето е поради зголемените реални трошоци (за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи. Од Комората на геодетски друштва, велат дека тие уште од лани во декември побарале да се донесе нов тарифник. Од АКН објаснија дека последниот тарифник датирал уште од 2014 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи