ВИДЕО – Јакимоска: Следи период каде во фокусот треба да биде работникот, оној кој ја создава додатната вредност


Денеска имаме пленарна седница при Регионалната стопанска комора на општина Прилеп, каде бираме ново претседателство. Имено, мојот мандат од 5 години завршува и поради приватни причини донесов одлука да преминам од претседател во потпретседател, од причини што сметам приоритет во мојот живот треба да биде она што е најбитно, а тоа е породот и фокусот на детето треба да ми биде најголем приоритет во моментот, сметам дека креирање на добар карактер е повредно во овој момент и побитно во мојот живот, од причини што претседателската функција бара доста и оперативно работење секојдневно, нажалост јас тоа не можам да си го дозволам временски, истакна Ирена Јакимоска, која од денеска е потпретседател на Регионалната стопанска комора во Прилеп.

„На мое огромно задоволство и среќа мојата функција ја предавам на Никола Мариновски кој што од самите почетоци има кадар и способност да ја промовира Комората на уште повисоко ниво и подобро од мене, но јас како потпретседател секако дека останувам визионер во креирањето на тие идни политики и еве јавно упатувам невидена поддршка од моја страна, верувам во тебе и знам дека оваа Комора ќе биде уште подобро место каде компаниите ќе може да си го најдат своето место под чадорче за заштита.

Со самото преземање на моето претседателство од страна на нашиот почесен претседател господинот Симон Наумоски, отпочна и короната. Со отпочнувањето на короната јас знаев дека идат години на криза, знаете дека тоа е домино систем, ниедна криза не останува сама по себе, секоја провлекува наредна и наредна. Нажалост сме во преддворието на една од најтешките години во постоењето на овој век, поготово во креирањето на додатната вредност на капитализмот, меѓутоа она што можам да го кажам со горделивост, покрај тоа на некој начин е грев, е дека стварно во Пелагонија и во Прилеп имаме компании со кои може да се гордееме. Стварно има компании и работодавци кои достоинствено се носеа со сите предизвици и епилогот од тоа е зголемен обрт, поготово во делот што сме извозни компании, сите имаме далеку подобри резултати и зголемен обрт.

Нормално профитите на сите ни се намалени заради сите предизвици кои ги имаме овие 4 години, но доколку вие опстанете и се зацврстите на тешки времиња, сигурно дека сме спремни да бидеме уште подобри во некои идни подобри времиња. Нормално е дека нашата верба е дека тие ќе дојдат што побрзо.

Она што јас му препорачувам на Никола е одговорност пред се, упорност и многу работа, работа и само работа. Она што си препорачувам и себе си и на сите работодавци во Прилеп е дека главниот фокус треба да ни биде животниот стандард на луѓето, без добар животен стандард, без среќен работник никогаш нема да ја постигнеме целта и нашата визија и мисија. Затоа следи период каде фокусот треба да биде на онај кој ја ствара таа додатна вредност, а тоа е работникот. Промени идат и треба да се радуваме на промените, бидејќи промените се секогаш позитивни и јас стварно се надевам и очекувам од овие промени доста позитивен епилог“, истакна Јакимоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи