Утринава на прилепчанец му се запалила гаражата и му изгорел автомобилот


На 21.02.2024 во 04.51 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп, настанал пожар во гаража сопственост на М.И. (59) од Прилеп при што е опожарено патничко моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.

„Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица  Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи