ВИДЕО – Никола Мариновски е избран за нов претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп


Никола Мариновски е новиот претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп кој беше избран на денешната пленарна седница на Комората и кој ќе биде на чело на оваа организација во наредните 5 години. Мариновски доаѓа на местото на досегашната претседателка Ирена Јакимоска која што останува потпретседател на Комората и рече дека ја напушта челната позиција поради семејни обврски. Мариновски истакна дека најголеми приоритети во наредниот период на бизис секторот остануваат развојот на инфраструктурата и поголемата соработка со институциите како на централно, така и на локално ниво.

„Предизвиците за оваа година, ова е изборна година и ќе биде малку тешка година во делот на работењето на компаниите и во делот на оние компании кои соработуваат со државата. Но ние како Комора сметаме, или се надеваме дека оние заклучоци кои ги донесовме на форумот и оние потреби кои ги има стопанството ќе пробаме во овој предизборен период да ги доставиме до политичките партии, да ги инкорпорираат во нивните програми и да овој пелагониски регион кој е најголем по допринос во БДП после скопскиот регион, сметаме дека подобро ќе се развива. Се надеваме на брза реализација на експресниот пат, се надеваме да отпочне и реализацијата на автопатот, но тие се работи кои не се во наш домен.

Како комора наследувам збратимени 17 други комори, односно нашата комора има остварена соработка со 17 други комори, со сите од нив треба да го возобновиме контактот, треба да започнеме наново да се дружиме и работиме, имајќи во предвид дека короната ни ги прекина сите тие контакти. Имаме зголемување на членството баш во последниве 2 недели имаме околу 10тина нови членки, така да ќе се фокусираме стопанството да даде 1 глас за да продлабочи и соработката со Општината во делот на изработка на детални урбанистички планови, да побараме еден нов детален урбанистички план, сите тие работи за развој и раст на стопнаството.

Во БДП според последната статистика која јас лично ја имам видено со 11.1% учествува пелагонискиот регион. Сметавме контонуирано како регионална комора и долго време го бараме тоа автопатско поврзување меѓу Прилеп и Велес, порано овој регион беше 13% од БДП, поназад и 16-17%, тоа значи дека циркулацијата ни е потребна, автопатските решенија ни се потребни за да можеме повторно да се вратиме на оние патеки на кои бевме претходно“, истакна Мариновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи