Денеска е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – Преку видеото на Марко и Исидора да се потсетиме како тој се сака и чува со гордост


Денешниот датум 21-ви февруари се одбележува како Светски ден на мајчиниот јазик, а бил прогласен  во 1999 година од УНЕСКО во насока на промовирање на важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и на важноста на јазичната разновидност.

Востановен е во чест на еден немил настан што се случил токму на 21 февруари во далечната 1952 година. По поделбата на Индија во 1947, Дака станала главен град на Источен Бенгал, како дел од новата држава Пакистан. Поделбата на луѓето била по етничка и лингвистичка основа, а најбројни биле Бенгалците. Владата на новооснованата држава во 1948 година усвоила предлог, единствен јазик да биде „урду“.

Тоа предизвикало негодувања и протести. На 21 февруари, 1952 година бил организиран масовен протест во кој учествувале голем број студенти. Полицијата усмртила многу демонстранти. Неколку години подоцна за официјален јазик бил признаен и бенгалскиот.

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Марко Јаков и Исидора Николоска двајца млади со огромна љубов кон мајчиниот јазик, во 2021 година, снимија видео со кое ни покажаа како треба да се сака и негува мајчиниот јазик, а притоа и ги презентираа историските факти за развојот на македонскиот јазик.

Погледнете го ова прекрасно видео за македонскиот јазик.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи