За 12,5 проценти намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

Facebook
Twitter
Email
Print

Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11.166.000  патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот,  бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1  процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти.  Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7  проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи