Прилеп ќе добие нов парк на површина од 5.000м2, пред мостот кај касарната


Прилеп ќе добие нов парк на површина од 5.000м2, пред мостот кај касарната, по барање на жителите од станбената населба на ул. „Васко Карангелески’’, вели во соопштението на својот ФБ профил, градоначалниот Борче Јовчески.

„Заедно со ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, согласно важечкиот Детален урбанистички план, започнуваме со оплеменување на овој запоставен простор, во кој што ќе има зелени површини, бекатон патеки, поставување на соодветна урбана опрема, листопадни и зимзелени дрва, ивично обележување во должина од 500 метри и уредување на паркинг просторот за жителите.

Посебно внимание ќе посветиме и на определување еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпад и исфрлање на отпадоци. За потребите на овој парк е ископан и бунар за технолошка вода кој е предуслов за изградба на парковски површини и летно одржување.

Продолжуваме со раззеленување на општина Прилеп со нови парковски површини и уредување на катчиња во кои што нашите сограѓани ќе можат да го поминуваат своето слободно време“, вели Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи