ВИДЕО – 95% од работниците во земјоделскиот сектор се ангажирани на црно, годишно тоа се 40.000 лица


Вкупно 33% од Бруто домашниот производ на годишно ниво во Македонија отпаѓа на сивата економија. Над 40.000 ангажирани работници во земјоделскиот сектор се ангажирани неформално, oдносно над 50% од вкупниот број на лица кои работат на црно во државава, во сите области, отпаѓаат на земјоделскиот сектор. Ова се податоците на истражувањето на здружението ЛАГ АГРО ЛИДЕР добиени преку проектот „Промените започнуваат на локално ниво“ имплементиран во пелагонискиот регион.

„Со истражувањето на терен добивме фрапантни податоци и информации, односно 95% од компаниите кои работат во земјоделскиот сектор и се занимаваат со земјоделска дејност, сметаат дека скриената економија и ангажирањето на лица на неформален начин не претставува ризик за нивната компанија, а пак од друга страна оштетени се лицата кои што се неформално ангажирани, бидејќи не им се плаќа толку колку што се договрени иако го сработиле нивниот дел од работата, а од друга страна оштетена е и општината, која што не добива даноци, конкретно дел од персоналниот данок кој оди во општината кој може да ги задоволи потребите на сите граѓани за подобри услови за живеење на целата заедница“, истакна Даниела Цветаноска, претседател на ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Било утврдено и тоа дека инспекциите излегуваат на терен само од 8 до 16 часот, а ангажирањето на работниците на црно во земјоделскиот сектор се случува токму пред 7 часот или после 16 часот. Се препорачува итно сузбивање на оваа сива економија за да има поголеми приходи во буџетите на општините, од што пак како повратен егект бенефит ќе имаат сите граѓани.

„Треба да имаат поголема контрола на компаниите кои работат во земјоделскиот сектор, понатаму поголема институционална одговрност и доверба се клучот за скенирање на скриената економија во земјоделскиот сектор. Граѓаните кои работат над 1 хектар земјоделски површини, како и компаниите кои задолжително да бидат пријавени како правни субјекти, бидејќи со скриената економија компаниите кои што работат во оваа област добиваат многу малку, за разлика од тоа што најмногу губат ангажираните лица и државата“, додаде Талија Петреска, здружение ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Една мерките кои се препорачуваат е и фискализацијата на зелените пазари, каде голем дел од оние кои продаваат не се земјоделци туку препродавачи , како и елиминирање на откупот земјоделските производи на нерегистрирани откупувачи.

„Во делот на сточарството имаме голем и сериозен проблем затоа што особено во продажбата на жива стока, генерално продажбата не оди кајј ккланиците, односно откупувачи и преработувачи на месо, туку оди кај приватни физички лица кои ток откуп го прават нелегално, а од друга страна се јавува проблем понатаму во можноста од страна на државата за директните плаќања, да тие бидат ставени во  неповолна ситуација. Затоа што самото тоа плаќање на директните плаќања е поврзано со продажба месо или млеко на познат откупувач и во тој случај и нивниот финансиски ефект е помал во однос на тие директни плаќања, односно имаат помала субвенција во однос на останатите“, рече Горан Томески, Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

 Дел од активностите кои се спроведоа со овој проект се и креирање на неформална мрежа на граѓански организации за борба против скриената економија, истражување на терен и подготовка на документ на јавна политика – Степен на намалување на скриената економија во зедмјоделскиот сектор во пелагонискито регион. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи