Информативен караван „Поблиску до иновативни идеи“ во општина Долнени

Промовирањето на успешни приказни од социјални и бизнис претпријатија од регионот е моќна алатка за мотивирање на младите и нивна активација.

Во таа насока, здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп во соработка со Општина Долнени, во период од 15 – 20 феверуари 2024 година реализираше Информативниот караван насловен „Поблиску до иновативни идеи“ кој имаше за цел презентирање на иновативни идеи преку дистрибуција на промотивни материјали (летоци, пенкала и беџови) во ООУ „Исмаил Ќемали“, с.Црнилиште, с.Дебреште, с.Лажани и с.Ропотово.

Активноста е дел од проектот: „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“, кој е финансиран од Европската Унија преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“.

Имено, проектот го таргетира проблемот на немање доволно знаење и можности на младите од општина Долнени за вклучување во социјално и бизнис претприемништво. Достапните мерки за поддршка кои се нудат од страна на институциите се во голем дел непознати и слабо промовирани во Општина Долнени. Од друга страна, младите од општина Долнени немаат воопшто или имаат ограничени знаења за начинот за започнување и водење на сопствен бизнис или социјално претпријатие, што ги прави резервирани или целосно незапознаени со ваквите можности.

Фокусот на проектот и активностите се насочени кон зголемена свесност и информираност кај младите, а посебно на младите жени за аспектите од социјалното и бизнис претприемништво, понатаму афирмирани иновативни идеи, добри модели и успешни приказни, како и овозможени ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво од страна на општински и други јавни институции и тоа во општина Долнени како една од поголемите рурални општини во Пелагонискиот регион. Активностите директно придонесуваат кон подобрување на идентификуваните состојби преку зголемување на учеството на младите во локалната заедница, но и пристап до информации и можности за прашања од интерес на младите, како и овозможување на пристапот до фондови и финансиски средства, нудење на можности за работа како и учество на обуки и семинари за зајакнување на капацитетите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи