Благодарение на поволните временски услови, денес продолжи реконструкцијата на патниот правец од м.в. Порта до м.в. Мечкин Камен. Со асфалтирање и реконструкција на погоренаведениот пат ќе се добие комплетно функционална целина и одлични услови за одржување на светските и државните првенства во параглајдерство и змајарство.
И оваа година продолжуваме уште посилно со реализација на дадените ветувања. Патната инфраструктура е битна компонента за град на историја како Крушево, град кој е насочен кон развој на туризмот и подобрување на условите за живеење на моите сограѓани. Ќе докажеме дека сме најдобри!“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.