По првичнoто зголемување од 78%, сега функциониерските плати ќе пораснат за 300 до 500 евра

Од април функционерите ќе добијат ново покачување на својата плата. Во зависност од позицијата на која се наоѓаат тоа ќе се движи од 300 до 500 евра плус месечно.

Со новото усогласување на платите со минималната плата, Претседателот месечно ќе не чини околу 3.000 евра нето, а пратениците околу 2.000.

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Инаку, вакво зголемување пристига откако лани платите само на функционерите пораснаа за неверојатни 78%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи