На 23.02.2024 во 00.45 часот во Полициската станица Прилеп, А.Ж.(36) од Прилеп пријавила дека во угостителски објект во Прилеп, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник.
Во 01.10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул.„Орде Тутески“, при што со стаклени предмети бил оштетен излогот и инвентарот во објектот.
Вчера пак, во 10.50 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(36) и С.И.(53), двајцата од Прилеп, пријавиле дека во основно училиште во Прилеп нивните малолетни син и внук биле физички нападнати од лице ангажирано како обезбедување во училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.