Денеска во Општина Крушево започна реконструкцијата на патниот правец од с. Врбоец до с. Свето Митрани и до с. Кривогаштани.
„Освен овој патен правец во тек е и реконструција на дел од патот кој од Кривогаштани води кон Крушево, кој беше доста оштетен, а наскоро треба да започне и реконструкција на локалните патишта кои поминуваат низ населените места Саждево и Борино. Исто така комплетно ќе се реконструира улицата во градот Крушево, која од раскрсницата „Тагас“ води кон хотелската зона и потоа се спојува со регионалниот пат за Битола“, вели градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Во моментов комплетно се реконструира и патниот правец од местото викано „Порта“ до „Мечкин Камен“ каде се наоѓа и полетувалиштето за параглајдери. Освен реконструкцијата на патот тука ќе се гради уште еден втор паркинг за автомобили и автобуси.