Независниот театар „Златен Елец“ со претставата „Грета“ во среда гостува во Прилеп

На 28 февруари 2024, во среда од 19.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде прикажана претставата „Грета„ во режија на Тамара Стојаноска.  Претставата е проект на независниот театар Златен Елец.

Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе ги покрие загубите“ – А. Ефрос.

Претставата е работена е според текстовите на Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете, а е во адаптарција и режија на Тамара Стојаноска. Улогите ги играат Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски.

Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ – Скопје
Фотографија: Јани Патче

Претставата ја освои награта за најдобра женска улога на Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи