ЏК Санкаку-Прилеп освои 3 бронзени медали на Државните првенства за помлади пионери и јуниори


На 25.02.2024 во Прилеп се одржаа Државните Првенства во џудо за помлади пионери и јуниори. На овие првенства учество зедоа околу 160 натпреварувачи од 15 џудо клубови.

ЏК Санкаку – Прилеп зеде учество со 6 натпреварувачи а освоени се вкупно 3 бронзени медали.

  1. Јована Цветкоска 3-то место
  2. Ване Ацески 3 -то место
  3. Марио Конески 3-то место

Џудо клубот Санкаку ќе се подготвува за идните настапи на своите членови.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи