ВИДЕО – Со изградба на нова инфраструктура Крушево наголемо се подготвува за параглајдерската сезона


Крушево наголемно се подготвува за претстојната сезона за параглајдерство. Комплетно се реконструира патниот правец од месноста „Порта“ до Споменичната целина „Мечкин Камен“ каде се наоѓа и полетувалиштето за парагалјдери. Претходно тука се изгради паркинг за автомобили и минибуси, а сега со реконструкцијата на патот ќе се гради уште еден дополнителен паркинг. Крушево и оваа година очекува неколку меѓународни натпревари, кои заедно со слободните летачи, тука би донесле околу 3.000 параглајдеристи во текот на годината.

„Комплетна реконструкција на патниот правец од Порта до Мечкин Камен, проширување на самиот пат за 40-тина см, нови банкини, нов паркинг и со тоа ќе биде нормално и безбедно одвивањето во самиот сообраќај. Напоредно работиме и на проектот за прекугранична соработка со албанскиот град „Елбасан“ да го уредиме и самиот старт на полетувалиштето, со клупи, занимални, тоалети и сета пропратна содржина која им е потребна на параглајдеристите“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Во 2025 година се очекува уште ново Светско првенство во параглајдерство. За таа цел веќе била поднесена документацијата од проектот за отпочнување на итна изградба на нов старт, со што Крушево би ги задоволило и стандардите во овој спорт, но и барањата на се поголемиот број на параглајдеристи.

„Параглајдерството и змејарството веќе се носечка гранка на туризмот во Крушево, покрај другите алтернативни спортови кои ги нудиме. Веќе збиено таму горе на самото полетиште, не можат паралелно да се одвиваат натпреварите, меѓународни, светски и европски првенста, како и аматерските. Затоа сега со овој старт ќе овозможиме алтернативно полетувалиште од каде аматерите или другите спортски екипи во зависност од термиката да имаме и друг старт и алтернативно полетиште“, додаде Христоски.

Како дел од подобрувањето на инфраструктурата во Општината, што е од особено значење за привликување на туристи, во тек е и комплетна реконструкција на дел од регионалниот пат од Општина Кривогаштани кон Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи