Црна хроника во Прилеп – дрога, агресивно однесување, каснување од куче

На 26.02.2024 во 15.30 часот во ОВР Прилеп Т.И.(60) од Прилеп пријавил дека на ул.„Леце Котески” бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 20.20 часот на ул.„Херој Карпош“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ѓ.Н.(60) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Во 21.20 часот пак, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.А.(43) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи