ВИДЕО – Огромен успех на „Dance studio New Generation“ во Белград, започнуваат подготовките за Светското првенство во Будимпешта


Прилепскиот танцов клуб „Dance studio New Generation“ се севкупни победници на реномираниот меѓународен натпревар „INTERNATIONAL DANCE OPEN BELGRADE“. Наградата ја освоија во силна конкуренција помеѓу 46 клубови од повеќе држави кои беа учесници на овој настан. Освен главната награда прилепскиот клуб освои и други пехари медалји во повеќе категории во кои што учествуваше, како хип хоп, стрит денс и други. Tренерот на клубот Оливер Богојевски, се уште под голема возбуда и импресии од огромниот успех ни раскажа што се случувало во Белград.

Кај нас не е она механичко играње или дека треба да се изигра само како робот или како карате, кај нас има дух и тоа не води напред, затоа што сме посебни, оригинални, имаме свои мексови и беа изненадени и од таа работа, ние сме 100% оригинал. Не чекаме некој да ни направи туку ние го создаваме. Од 200 формации да влезиме во Гала вечер, каде што влезе и Магдалена Еленоска, морам да ја пофалам во хип хоп соло. Имаме многу први места меѓутоа Гала вечер е од двата дена таму да бидиме помеѓу најдобрите со 2 точки од 20 избрани. Магдалена беше како хип хоп соло, а формацијата „048 D.S.N.W.“ да победи во Белград, што да кажам тоа е врв. Тоа е еден голем успех не само за Прилеп туку и за Македонија. Ова се сите награди освоени од формациите, имаме 3 први места, едно второ место, потоа многу медалји, многу соло точки. Магдалена Еленоска како што беше во Гала вечерта прво место во хип хоп соло, потоа Јана Николоска прекрасно и сум многу горд. Потоа најинтересната за мене „Џенгис“ формација, тоа го измислија Ивана и Маги и таа формација го освои Балканот. Го кренавме цел Белград на нозе. Тоа беше феноменално. Прво место има и прекрасната изведба на Христина Силјаноска. Морам да ја пофалам и Горгина, со The Robots, можеби ќе заборавам нешто и некого. Како да кажам ние бевме доминација во Белград и сите високи позиции ги зедовме“, изјави тренерот Оливер Богојевски.

Дел од членовите на „Dance studio New Generation“ кои освоија награди истакнаа дека овој успех ќе биде дополнителен мотив за нив да продолжат со големиот број на успеси кои ги имаат и дека уште од утре активно започнуваат со подготовки за светското првенство кои во месец јуни ги очекува во Будимпешта, Унгарија.

„Јас се претставив со 4 точки. Првата е соло и зедов второ место, потоа дуото со Маги наречено „Џенгис“ зедов прво место, исто така во техно џамп формацијата зедов прво место и се натпреварува во „048 D.S.N.W.“ исто така прво место. Чувството е преубаво не можам да ви опишам како се чусвтвувам моментално, тоа не се опишува со зборови. Беше навистина тешко, конкуренцијата беше силна, тешко е да влезиш во Гала и вечерта да си најдобрата, тоа е нешто феноменално“, истакна Ивана Бојојевска, член на „Dance studio New Generation“.

 

„На натпреварот во Белград настапив со 5 точки. Во дуото со Ивана извадовме прво место, две сола хип хоп и опен, во хип хоп бев прво место од осум и со тоа соло влегов и во Гала вечер. Исто така и во опен бев прво место и во двете формации техно џамп и „048 D.S.N.W.“ бев прво место. Кога победивме на Галата беше прекрасно прв пат да доживеам такво чувство“, рече Магдалена Еленоска, член на „Dance studio New Generation“.

 

„И јас натпреварот во Белград настапив со 4 точки. Соло стрит на кој извадов прво место, хип хоп соло извадов 4 место и 2 формации на кои извадивме прво место. Чувството беше прекрасно и голема поддршка за наставникот“, додаде Христина Силјаноска, член на „Dance studio New Generation“.

Прилепскиот клуб „Dance studio New Generation“ постои 15 години и брои 50-тина членови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи