Кривични за повеќе дилери на дрога од Прилеп

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.П.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.10.2023 на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во дом на лице од Прилеп, при што пронашле и и одзеле амфетамин, кој го набавил од пријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(20), М.К.(20) и Д.Ќ.(20), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.06.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на второ и третопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавиле од првопријавениот, а подоцна им овозможиле на други лица да ја користат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи