ВИДЕО – Јавното обвинителство од Прилеп побара 30 дневен притвор за 15 годишниот малолетник осомничен за убиството


Јавното обвинителество од Прилеп побара 30 дневен притвор за 15 годишниот малолетник од прилепското село Сенокос кој што е осомничен дека го извршил убиството на неговиот 14-годишен сожител, синоќа во центарот на Прилеп. Јавниот обвинител Стевчо Биноски соопшти дека барањето за поведување на подготвителна постапка со предлог за притвор го испратил до судија за деца при Основниот суд Прилеп, поради сомнение за сторено дело убиство. Вториот пак приведен од страна на полицијата, 21 годишниот В.Т. исто од селото Сенокос, е задржан во полициската станица на испитување во својство на сведок. Неофицијално подолг период помеѓу малолетниците постоела нетрпеливост.

Инаку убиството се случило вчера околу 19.30 часот во влезот на зграда во Прилеп познатата како „9-то катница“ каде по претходна расправија со остар предмет е избоден 14 годишен малолетник. Најверојатно во обид да избега од местото започнал да се движи по троторот на булеварот „Гоце Делчев“ каде за кратко време потоа е пронајден паднат од случајни минувачи наспроти домот за култура „Марко Цепенков“.

Веднаш била повикана Итна помош од каде соопштија дека пациентот бил пронајден без свест, а медицинскиот тим веднаш започнал со срцево белодробно мозочно оживување. Малолетникот веднаш бил транспортиран до одделението за анестезиологија и реанимација при општата болница каде биле безуспешни сите обиди да се реанимира.

Од полицијата соопштија дека уапсениот малолетник го признал делото.

„Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело. Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото за што е поднесена и кривична пријава“, вели Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.

Граѓаните се потресени од убиството и однесувањето на младите.

„Луѓето ги познавам јас дека од Сенокос е детето, друго ништо незнам. Се јавивме сега на свои роднини таму. Детето паднало на тротоарот тука каде и го пронашле, друго ништо незнам. Ова не вознемирува сите, имаме дечиња, внучиња, како може да се случува вака да загине малолетник“, вели еден граѓанин.

 

„Младите не се контролираат, не смеат да носат оружје. Кој е виновен за тоа сите ние и родителите и институциите и општеството“, додаде друг граѓанин.

Врз телото на убиениот малолетник денеска треба да биде извршена обдукција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи