Протест на државните универзитети кои не добија повисоки плати како УКИМ

Facebook
Twitter
Email
Print

Професорите од пет државни универзитети протестираа против, како што рекоа, дискриминацијата што им се прави со покачувањето на платите само за професорите на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Првиот човек на синдикатот на професорите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Авни Авдиу изјави дека доколку не се потпише колективниот договор за покачување на платите, протестите ќе се преместат пред Собранието.

„Го поздравуваме спроведувањето на колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваме дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост бидејќи останатите пет јавни универзитет го уживаат истиот статус, реализираат иста општествена дејност со иста одговорност, а со непотпишување на колективниот договор неправедно се ставени настрана од државата. Здружени и обединети синдикатите со овој протест порачуваме дека настапуваме обединети, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата која е згазена и потценета од страна на соодветните одлучувачки органи. Ако се игнорираат ќе продолжиме со штрајкови пред Собранието на РС Македонија“, рече Авни Авдиу

Првиот човек на Синдикатот на професорите на Тетовскиот универзитет, Шефкет Дехари, најави дека доколку не се им зголемат платите на професорите од другите јавни универзитети, протестите ќе продолжат.

„Нашите универзитети беа игнорирани и дискриминирани од Парламентот и Владата на Северна Македонија, со непотпишување на колективниот договор со пет јавни универзитети и пресметување на платите за вработените според овој договор. Овие институции применуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост со другите пет јавни универзитети во земјава затоа што во РСМ важи истиот Закон за високо образование и за петте универзитети, затоа приходите на вработените на овие универзитети треба да бидат еквивалентни. Со овие протести петте здружени синдикати ставаат до знаење дека дејствуваат без никаква политичка боја, туку за враќање на достоинството, интегритетот и правдата за сите свои вработени“, рече Дехари.

Редовните професори на државните универзитети до септември земаа плата во износ од 56.462 денари. Со зголемувањето од 22%, нето платата им достигна до околу 73.000 денари. Но, покачувањето може да биде и уште поголемо во зависност од факултетите, нивните примања, проектите и бројот на студенти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи